Кандидатот за градоначалник на Општина Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар вели дека има конкретен план за градинка во Капиштец.
Дел од објектот кој планира да се користи ќе биде и дневен центар за деца со попреченост.
-Наместо најави за градинки кои траат веќе 8 години, јас имам конкретен план за градинка во Капиштец која ќе биде сместена во објект на централна институција која истиот не го користи, а ние воедно би го користеле и како дневен центар за дечиња со попреченост. Доста е од бесконечни најави, време е за конкретни чекори и решенија за сите ранливи категории од Центар, вели Котлар.