петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Лицата со попреченост од утре може да поднесуваат барање за користење повластени паркинг услуги во 2023

Лицата со попреченост од утре може да поднесуваат барање за користење повластени паркинг услуги во 2023

Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат во канцелариите на претпријатието, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А, во зградата до катна гаража „Беко“.

Заедно со Барањето, треба да достават и документи: Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано; Лична карта на увид од лицето со посебни потреби; Инвалидска книшка на увид; Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од еден месец; Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување на увид и Лекарски наод од специјалист на увид.

Доколку лицето заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и со комплетна документација која се бара.

– Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90 отсто, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80 отсто утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, соопшти ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. (МИА)