петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Марин продолжува со расфрлање на парите на граѓаните: За еден обарч за кош платил дури 15 илјади

Марин продолжува со расфрлање на парите на граѓаните: За еден обарч за кош платил дури 15 илјади

Градоначалникот на Аеродром не престанува со лускузите на сметка на граѓаните.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митевски на својот Фејсбук профил објави документи Електронскиот систем за јавни набавки на кои се гледа дека општинската администрација за еден обрач на кош платила 15 илјади денари без ДДВ, притоа додавајќи дека Марин е наставник и добро знаел дека еден кош чини многу помалку.

-Обрач за кош на тендер во Општина Аеродром чини 15.000 +ДДВ. Златко Марин како наставник по физичко знае дека во продавница обрач за кош чини многу, многу помалку. Златко исто така знае дека криминалните тендери за многу брзо ќе му се удрат од глава. Златко, доста е!, пишува во својата објава Митевски.

Претходно, како што објавија медиумите градоначалникот на општина Аеродром за една чешма платил неверојатни 65 илјади денари, а во исто евреме јавноста е сведок на секојдневните скандалозни документи поврзани со работењето на првиот човек на општината.