петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Мицевски со предлог за зголемување на платите во ЈП Дрисла

Мицевски со предлог за зголемување на платите во ЈП Дрисла

Со оглед на тешката економска и социјална положба, ценовните шокови и инфлацијата која ја чувствуваат граѓаните, а во насока на нашите заложби за поддршка на стандардот и заштита на економската моќ на вработените, директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски ќе предложи на Управниот одбор на јавното претпријатие носење на одлука за зголемување на платите, информираат ЈП депонија ДРИСЛА Скопје.

Носењето на позитивна одлука од страна на Управниот одбор ќе значи линеарно покачување на платите за сите 190 вработени во претпријатието од 2.880 денари, почнувајќи од месец јули 2022 година. Ова би било прво покачување на платата за сите вработени откако функционира самото претпријатие.