среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Митески: Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром, после четири години гимназија нема!

Митески: Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром, после четири години гимназија нема!

Златко Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром. Да биде поубедлив во лажењето, смислил и име “Кузман Јосифовски – Питу”. Мила Царовска во 2021 година вика дека гимназија нема, општината не доставила барање. Накратко, ве лажевме, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изгубени во лагите. Златко Марин во 2017 година вети изградба на нова гимназија во Аеродром. Да биде поубедлив во лажењето, смислил и име “Кузман Јосифовски – Питу”. Мила Царовска во 2021 година вика дека гимназија нема, општината не доставила барање. Накратко, ве лажевме.

Сигурен сум дека СДСМ во 2021 година, пред локални избори, повторно ќе го вети овој проект.

Но исто така убеден сум дека од позиција на опозиција нема да имаат можност да го реализираат. Аеродром ќе добие нов градоначалник и тоа е повеќе од јасно.

Златко Марин ќе го заврши овој четиригодишен мандат со 0 (со букви: НУЛА) капитални проекти. А обвинувал дека претходно многу малку се реализирало.

Златко, 0 поделено на 4 е НУЛА. Ете толку сработи овие четири години, пишува Митески во својата објава.