Дејан Митевски на својот Фејсбук профил сподели фотографија од општина Аеродром под која пишува дека повеќе од три ипол години се борат со градоначалникот Златко Марин да ги достави поединечните цени на сите тендери.
-За жал, реалност во Општина Аеродром.
Повеќе од три ипол години се “бориме” со Златко Марин да ги достави поединечните цени на сите тендери. Исто толку време одбива. Дали се плаши за тоа што јавноста ќе разбере по какви цени купувал клупи, корпи, сијалици, бекатон, чешми за вода и слично.
Во тендерите ќе прочитате како една корпа за отпадоци чини 300 евра, една клупа за седење исто толку, една чешма за вода во парк повеќе од 1000 евра, канделабра од 300 евра и слично.
Но ќе му дојде крајот и на тоа.
Јавно нека одговори градоначалникот дали од Бирото за јавни набавки му е доставено известување за задолжително објавување на поединечните цени, а во спротивно ше следи блокада на општината и неможност за објавување на нови тендери.
Јавно нека одговори градоначалникот од која причина повеќе од еден месец не одговара на советничко прашање поставено од Pane Antovski и зошто не му ги доставува поединечните цени по сите склучени фоговори за јавни набавки.
Дали ќе чека ОЈО, ДКСК и ДЗР да го потсетат на законските обврски и злоупотребите со јавните набавки кои ги прави?
Во наредниот период, со негова желба или не, јавноста ќе разбере за секој криминал направен од општина Аеродром, поврзан до јавните набавки.
#Златко, крајот ти е блиску. Секој криминално потрошен денар од општинска сметка ќе го платиш од џеб.
Доста е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.
За жал, реалност во Општина Аеродром.
Повеќе од три ипол години се “бориме” со Златко Марин да ги достави поединечните…
Posted by Дејан Митески on Понеделник, 19 април 2021