Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски и порпаролот на партијата Наум Стоилковски денеска беа повикани на увид во документацијата околу јавните набавки во општина Аеродром, но и покрај тоа што беа повикани од страна на градоначалникот, Златко Марин не бил на своето работно место.
Откако не успеаа да се сретнат со градоначалникот, Митевски јавно го повика Марин на дебата, а во врска со скандалозните јавни набавки кои што се случуват во општина Аеродром.
-За жал иако е работно време градоначалникот не е на своето работно место иако се надевавме дека ќе го најдеме и ќе имаме можност директно да продискутираме со него за овие јавни набавки. Имајќи во предвид дека немавме таква можност јавно би упатил еден апел до него да одбере медиум по негова желба по негов избор во термин во кој што тој ќе одлучи да продискутираме јавно пред граѓаните за сите овие јавни набавки. Се надеваме дека ќе имаме разбирање од градоначалникот да ја прифати поканата, истакна Митевски.