четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Митевски: Во општината Петровец ќе направиме уште две нови градинки, родителите повеќе нема да мора со километри да ги носат децата

Митевски: Во општината Петровец ќе направиме уште две нови градинки, родителите повеќе нема да мора со километри да ги носат децата

Кандидатот и актуелен градоначалник на општина Петровец од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски во „Утро со Златев“ на Радио Лидер истакна дека како и во новиот мандат ќе се посвети на максимална реализација на проектите.

Тој вели дека резултатите од неговата работа зборуваат сами по себе бидејќи досега се што побарале жителите на сите населени места од општината е сработено повеќе од 90%.

-Кога вие сте направиле канализација, водовод, улици, училишта. Во Чифлик направивме ново школо и повеќе децата не одат со комбе до друго, туку имаат школо на 50 метри од домовите. Една од работите на кои сум горд од сработеното е што успеавме да го изградиме најмодерното и најубавото училиште „Кочо Рацин“ во Петровец каде условите за учење се идеални. Но не само тоа училиште. Ги реновиравме сите училишта на територија на општината, почнувајќи од Сушица, завршувајќи до Катланово. Направивме спортски сали во Катланово, Средно Коњари, во Петровец, рече Митевски.

Тој посочи дека е направена и нова градинка, но ќе се направат уште две други во општината за да им излезе во пресрет на родителите да не патуваат со километри да ги носат своите деца во градинка.

-Направивме и нова градинка, имавме прилив на нови дечиња, уште 60 деца заради ковид мерките чекаат и затоа во наредниот мандат предвидувам нова градинка во село Ржаничино да се прави и ќе се растерети градинката во Петровец. Нова градинка ќе направам и во Долно Коњаре кое ќе ги опфати околните села, да им излеземе во пресрет на родителите да не ги носат децата по 10 километри секој ден, рече тој.

Митевски нагласи и дека уште една од работите на кои е горд е индустриската зона Чојлија каде бројот на компании пораснал од 5 на 150, но и со другите индустриски зони низ општината.