четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Митевски: Жителите на Петровец ќе добијат нова општинска зграда, Дом на културата, две детски градинки и спортска сала

Митевски: Жителите на Петровец ќе добијат нова општинска зграда, Дом на културата, две детски градинки и спортска сала

Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски во денешната емисија „Утро со Златев“ на Радио Лидер вели дека се изградиле повеќе индустриски зони во општината се со цел што поголем број на луѓе да се вработат, како и дека во следниот период ќе се започне со неколку капитални проекти во Петровец.

– Имаме најголема индустриска зона во Република Македонија, 230 хектари и не само тоа, имаме Индустриска зона во Долно Коњари, имаме Индустриска зона во Катланово, во Ржаничино, направивме две мини индустриски зони на излезот спрема Катланово и спрема Таор. Значи не останавме да се фокусираме на таа Индустриска зона од 230 хектари, сепак се раширивме насекаде за да може луѓето да се вработуваат, истакна тој.

Митевски нагласи дека до март ќе се стави камен темелник на нова општинска, дом на културата во дворот на општината, како и нова детска градинка.

– Прво ја довршувам канализацијата во Петровец, тоа се последните две улици, на улица 22 значи најголемото населено место. И тоа значи дека 99 проценти е покриено со канализација. За само десет дена отвораме тендер за изработка на проект на нова општина. Некаде во март ќе ставиме камен темелник на нова општинска зграда, исто до март ќе започнеме да градиме уште една детска градинка. Ќе градиме и Дом на културата во дворот на општината, вели Митевски.

Митевски, нагласи дека овие три проекти ќе се реализираат за две години, а како што истакна во следните две години од неговиот мандат ќе се изгради уште една детска градинка во Долно Коњари и една спортска сала во населеното место Огњанци.

За 2022 и 2023 година ќе има општинска зграда, Дом на културата и детска зграда. Во наредните две години детска градинка во Долно Коњари и спортска сала во населено место Огњанци. Тие ми се пет проекти кои што ќе ги реализирам, рече Митевски.