сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Мицкоски: Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт во Општина Илинден

Мицкоски: Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт во Општина Илинден

При денешната посета на Општина Илинден, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во оваа општина продолжуваат инвестициите.

-Населеното место Кадино добива фудбалско игралиште, детско игралиште, како и нов кров во основното општинско училиште Ристо Крле. Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт и градоначалникот Александар во општина Илинден. Важно е да имаме нови училишта. Важно е младите да останат во Македонија, објави Мицкоски.