четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Донесена е одлука за бришење на три маркици, со оваа одлука гарантираме дека зелената површина на тој простор нема да биде заменета со нови градби

Муцунски: Донесена е одлука за бришење на три маркици, со оваа одлука гарантираме дека зелената површина на тој простор нема да биде заменета со нови градби

Наследениот наш проблем поврзан со паркингот исто така е заради слабото урбанистичко планирање но и заради недостатоците во дел од законите. Прво многу нови згради се изградени, но дел од станарите на тие згради не по нивна вина немаат паркинг простори во новите станбени објекти и тоа е поради една недоследност во делот со законите, каде што има обврска за инвеститорите да обезбедат паркинг места, но немаат обврска да продадат паркинг место на секој станар. Што значи дека тука треба да се иницира една законска промена која што имаме намера преку ЗЕЛС да ја иницираме, а ние во делот на нашето урбанистичко планирање да најдеме начин каде што за сите нови градби ќе наметнеме една таква обврска, смета градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Муцунски нагласи дека во моментот се анкетираат граѓаните дали во деловите на општината каде нема зонско паркирање има интерес да се воведе зонско паркирање се со цел да се воспостави ред со паркингот, додавајќи дека таму каде што е најкритично се размислува за обезбедување на нови паркинг места, притоа не нарушувајќи се зелените површини.

Во делот на паркингот едно решение за кое што ги анкетираме граѓаните во моментот и сакаме да го слушнеме нивното мислење е на делови на територијата на општината каде што немаме зонско паркирање, дали има интерес од нивна страна да воведеме зонско паркирање кое што сметаме дека ќе помогне да се воспостави ред со паркингот, а исто таму каде што е најкритична состојбата во моментот размислуваме во оваа буџетска година за обезбедување на нови паркинг места, притоа не нарушувајќи зелени површини, вели тој.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека на вчерашната седница на советот на општина Аеродром е донесена одлука за бришење на три маркици за градба во Реонскиот центар Аеродром кои опфаќале територија од 13.500 метри квадратни.

Во делот на урбанизацијата таму каде што легално можеме ние отпочнавме процес на бришење на маркици за градба. Токму на синоќешната седница на советот на општина Аеродром се избришани три маркици за градба во Реонски центар Аеродром кои што опфаќаат територија од 13.500 метри квадратни. Значи таму веќе имаме зелена површина, но со оваа одлука гарантираме дека нема таа зелена површина да биде заменета со нови градби, изјави Муцунски.