Нов модерен репрезентативен стадион во Општина Аеродром. Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за изградба на нов репрезентативен стадион на територијата на нашата општина. Партнер на Фудбалска Репрезентација на Македонија за реализацијата на овој голем проект е Општина Аеродром. Стадионот ќе биде со минимален капацитет од 12.000 гледачи по сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување на клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Тој напиша дека во рамките на овој комплекс Општина Аеродром заедно со Градот Скопје ќе изгради и Мега Парк кој ќе претставува нов спортски и рекреативен центар на нашиот главен град.
– Спортот го обединува народот, а македонската фудбалска репрезентација во последните години на дело го прави токму тоа. Токму од Општина Аеродром ги очекуваме новите успеси и победи на македонската фудбалска репрезентација. Напред Македонија, додава Муцунски во својата објава.