Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска оствари средби со аеродромци во рамките на воспоставената пракса за отворен ден со граѓани.
Средбите се одржаа во просториите на Општина Аеродром по претходно закажан термин, а граѓаните преку разговор директно на градоначалникот Муцунски му ги пренесоа своите барања, предлози и конструктивни идеи за создавање подобри услови за живот, но и поубава и посредена општина.
Ваквите средби имаат за цел полесна идентификација и побрзо решавање на предизвиците во општината.
Сите заинтересирани граѓани можат да закажат средба на телефонскиот број +389 2 2400-970 или преку меилот [email protected]