Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, осум санкции за возење без возачка дозвола, шест за непрописно престигнување и обиколување.
Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.