Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 17 за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непочитување на првенство на минување и 46 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.