сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

На убавите вести од Зоолошката градина во Скопје им нема крај: Се роди бебе камила (ФОТО)

На убавите вести од Зоолошката градина во Скопје им нема крај: Се роди бебе камила (ФОТО)

Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, па на крајот и лемурите нè израдуваа со нов подмладок.

Всушност, тука не е крајот на убавите вести.

Имено, од пред една недела новости има и кај камилите – се роди бебе камила. Од Зоолошката градина Скопје за Курир беа ексклузивно испратени фотографии од малата камила за кои добивме дозвола да ги објавиме.

Камилата ќе биде уште една недела во изолација со нејзината мајка, а потоа посетителите ќе можат да ја видат.