вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Над 14.000 посетители на Зоолошката градина изминатиов викенд

Над 14.000 посетители на Зоолошката градина изминатиов викенд

Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имаше рекордна посетеност од над 14.000 посетители.

Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина“ во континуитет работат на подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните.

-Апелираме до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија – едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните, посочуваат од Зоо Скопје.