сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Неделен извештај: Дали е квалитетна водата која ја пијат скопјани?

Неделен извештај: Дали е квалитетна водата која ја пијат скопјани?

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.01.2023 до 27.01.2023 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).