Чест ми е што сум на носител на кандидатската листа за советници во Ѓорче Петров и дел од тимот на Александар Стојкоски кој ќе ја реализира најобемната програма во историјата на општината Ѓорче Петров со која се нудат над 200 суштински проекти со што ќе се смени квалитетот на живеење на граѓаните на Ѓорче Петров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.
-По реализацијата на оваа програма веќе нема да може во предизборната кампања да манипулира со инфраструктурните проекти кои што се во суштина должност на општината. Еден од најголемите проекти е „Ѓорче без кал“ и нема да остане ниту една улица со кал во Ѓорче Петров, веќе со ова ќе се нуди еден степен повеќе во квалитетот на живот на граѓаните, односно ќе се направат неколку паркови во сите урбани заедници и ќе се направи централниот парк, вели Нелоска.
Таа додава дека голем акцент ќе се стави со чистењето на дивите депонии низ општината.