недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Нелоска: Припадниците на безбедносните сили на територија на општина Ѓорче Петров ќе добијат посебни права

Нелоска: Припадниците на безбедносните сили на територија на општина Ѓорче Петров ќе добијат посебни права

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров изгласа одлука со која се обезбедуваат посебни права и ослободување на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, рече на денешната прес-конференција претседателката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска.

-Бранителите од конфликтот од 2001 година, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги заборави. Оваа одлука е од големо значење за нивните семејства со која покажуваме почит кон загинатите и нивните заложби за слободна Република Македонија. Имено, припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца, со оваа одлука се ослободуваат од плаќање на месечните износи на цените на услугите што ги дава детската градинка „Росица“ и износите за надоместоци на трошоци за престој во детската градинка. Оваа одлука се однесува на директните потомци на бранителите, односно за нивните внуци, бидејќи нивните деца се веќе возрасни. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства кои се родители на деца имаат првенство на запишување на децата во Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Росица“. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца кои учат во основно училиште на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, се ослободуваат од плаќање на трошоците за:

– оброкот (ужинка) и оброците (појадок и ручек);

– воннаставните активности утврдени со Годишната програма за работа на училиштето, коишто се незадолжителни активности, а се однесуваат: на посета на театарски и кино претстави, концерти, фестивали, и други настани што се поврзани со воспитно-образовниот процес на учениците; на претплата за ученички списанија; за организирани екскурзии, летувања/зимувања, истакна Нелоска.

Таа потенцираше дека овие трошоци ќе бидат на товар на Општина Ѓорче Петров.

-Воедно, со оваа одлука припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, се целосно ослободени и од обврската за плаќање на надоместокот за делумно уредување на градежното земјиште на територија на Општина Ѓорче Петров, за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Ѓорче Петров за:
– станбени објекти за индивидуално домување (класа на намена „А1“) со вкупна површина до 100 m2 корисна нето површина за семејно домување во семејна куќа. Ослободувањето од обврската за плаќање може да биде искористено еднократно од страна на барателот. Мнозинството советници во Советот на Општина Ѓорче Петров предводени од ВМРО-ДПМНЕ ветија дека ќе се заложат за олеснување на секојдневнието на семејства на овие храбри херои, и тоа и го сторија. ВМРО-ДПМНЕ секое ветување го остварува. За нас, дадениот збор е светост и никогаш нема дилема кога станува збор за подадена рака со граѓанинот, изјави Нелоска.

Продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на јавното добро, додаде Нелоска.