Владата предводена од ДУИ и СДСМ со главни актери Артан Груби и Димитар Ковачевски речиси 13 месеци немаат реализирано ниту еден проект во општина Ѓорче Петров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.
-Се одолговлекуваат доградбите на две основни училишта, намалени се блок-дотациите кои ги добива општината како трансфер од централниот буџет, а изминатата година за 30 милиони денари помалку од изборната 2021 година, владата учествувала во реализација на капитални проекти. Исто така Министерството за труд и социјална политика одбива проекти, односно не издава дозвола за изградба на нови детски градинки во нашата општина со што дополнително би се намалил огромниот децениски проблем со листите на чекање. Дали ова претставува класична одмазда за убедливиот пораз уште во првиот изборен круг во 2021 година?, прашува Нелоска.
Таа апелираа да се престане со ваквиот однос, бидејќи со тоа се нанесува единствено штета на граѓаните на општина Ѓорче Петров.
-Граѓаните не заслужуваат ваков однос од Владата, а локалната самоуправа предводена од ВМРО – ДПМНЕ и Градоначалникот, Александар Стојкоски и понатаму ќе го вложи својот максимум за реализација на проекти од огромна важност за граѓаните, вели Нелоска.