среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Нелоска: Во Ѓорче Петров ништо не е направено, а ветувањата на Наумоски останаа само на хартија – ама се даваат пари за заевиот Глобал

Нелоска: Во Ѓорче Петров ништо не е направено, а ветувањата на Наумоски останаа само на хартија – ама се даваат пари за заевиот Глобал

Додека општината тоне во долгови – над еден милион евра создаден долг во последните две години и секојдневно се земаат кредити, бројни ветувања остануваат нереализирани, улици со кал, нема канализација, над 400 дечиња на листа на чекање за во градинка, во основните училишта родителите сами купуваат сапун, граѓани со социјални проблеми, депонии, улици со дупки, Во Ѓорче Петров нема ништо од ветената гасификација, поврзување на Илинденска со Ѓорче Петров, амбулантата во Дексион, пазар во Даме Груев, ветениот клинички центар е ветување само на хартија, новата општинска зграда пропаѓа ние даваме пари за заевиот Глобал во Струмица, за криминалот на Заеви, истакна на денешната прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Трговскиот центар позади нас во кој требаше да биде и новата општинска зграда три години зјае недоправен, ама Наумоски ќе вложува во струмичкиот Глобал.

Доцни исплатата од 5.000 денари за родителите кои имаат новороденче, а Александар Наумоски исплаќа десетици пати повисока сума за трговскиот центар Глобал во Струмица.

Во ек на пандемија и драматични бројки на заболени општината не одвојува средства за дезинфекција на јавни површини, училишта, градинки, паркови ама одвојува средства за трговскиот центар за кој Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра.

Наместо да се набават таблети и образовни помагала за учениците, Наумоски со наши пари ќе го помага Заев.

КАТАСТРОФА И ДНО, рече Нелоска.