недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Нова атракција во скопската зоолошка: 15 прекрасни фламинга добија ново живеалиште

Нова атракција во скопската зоолошка: 15 прекрасни фламинга добија ново живеалиште

Новото живеалиште за фламинга денеска свечено се отвори во Зоолошката градина во Скопје.

Во ова живеалиште ќе живеат 15 фламинга кои се едни од најегзотичните птици.

Видот на птиците, како што информира на денешната прес-конференција Тина Мицковска од ЗОО Скопје, е големо или розово фламинго, кои се доста распространети птици.

Ги има во Јужна Америка, Јужна Африка, во Европа, Португалија, Кипар, Албанија, во Шпанија.

Се работи за 15 млади птици, кои имаат помалку од една година. Сè уште немаат повпечатлива боја, но ќе ја оформат до пет годишна возраст.

Бојата ја добиваат преку пигмент од специјална храна со која ќе бидат хранети.