среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Новинар на Сител телевизија физички нападнат од портпаролка во Град Скопје

Новинар на Сител телевизија физички нападнат од портпаролка во Град Скопје
ФОТО: Фејсбук

Новинарот на Сител телевизија, Мартин Арсов денеска физички бил нападнат од страна Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје.

-Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот. Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека има право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти. Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил, пишува Арсов во својата објава на Фејсбук.

Арсов исто така бара реакција од страна на ЗНМ, бидејќи според него ова претставува класичнатортура врз медиумските работници.

-Барам да реагира Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ бидејќи ова е класична тортура и притисок врз новинарите!, пишува Арсов понатаму во објавата.