Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување.
Старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.
За новото осветлување се издвоени 2 милиона и 200 илјади денари од општинскиот буџет.
-Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да се грижи за подобрување на условите за живот на своите жители, велат од општината.