вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од денеска ќе се пренасочуваат автобуси- сообраќаен режим на „Антон Попов“

Од денеска ќе се пренасочуваат автобуси- сообраќаен режим на „Антон Попов“

Поради извршување градежни работи во рамките на реконструкцијата на улицата Антон Попов, од денеска, па сè до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим.

„Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улицата Павел Шатев до крстосницата со улицата Димо Хаџи Димов (кај „Шампионче“). За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз, кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот Борис Трајковски“, стои во соопштението на Град Скопје.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.