недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од утре до понеделник Љубанци без вода од 9 до 15:30 часот

Од утре до понеделник Љубанци без вода од 9 до 15:30 часот

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека од утре до понеделник без вода ќе бидат дел од корисниците на Љубанци.

-На 11, 12, 13, 14 и 15 август поради реконструкција на водоводна мрежа и технички зафати во каптажата во Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с. Љубанци, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето во наведените денови ќе биде прекинато од 09:00 до 15:30 часот.