четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ОД УТРЕ: Поевтин паркинг во Скопје- еве колку ќе чини

ОД УТРЕ: Поевтин паркинг во Скопје- еве колку ќе чини

Од утре граѓаните ќе плаќаат поевтини цени за паркинг услугите во Скопје.

Цената за паркирање ќе се намали во зонското паркирање- во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.

Ова беше неодамна соопштено од надлежното јавно претпријатие Градски паркинг – Скопје, од каде што порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.