недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од утре поскапува „пајакот” во Скопје, наместо 2.500 денари, еве колку ќе чини сега!

Од утре поскапува „пајакот” во Скопје, наместо 2.500 денари, еве колку ќе чини сега!

Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ).

Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500. Одлуката за поскапувањето ПОЦ ја оправдува што цената е иста 10 години и дека во изминатиот период драстично поскапеле нафтените деривати.

Нови цени има и за зонските паркиралишта со тоа што е направена промена на зоните. Со тоа, паркирањето во Буњаковец сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.