среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од утре зимско работно време на градските паркинзи во Скопје

Од утре зимско работно време на градските паркинзи во Скопје

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје известува дека од 01.10.2022 год. (сабота) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

– Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;
– Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:
– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.