Искрешни врати, превретен инветар, украдени инјекции, шприцеви игли, рецепти и печати од докторите, клучеви од шкафови– вакво добро утро имале докторките и медицинските сестри во амбулантата Црниче во скопска Кисела Вода, објави Канал 5.
Докторка Мира Атанасова вели дека имаат голема штета.
Овој објект е честа мета на кражби, ординациите на приземјото сите до една се демолирани, а на првиот кат се спасиле, бидејќи од по многуте кражби ставиле железна врата.
Во оваа зграда докторите работат под концесија и бараат да бидат заштитени, бидејќи штетите од кражбите се многу високи.