петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет

Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети.

И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.

Повеќе информации за јавниот повик и барањето кое треба да се пополни при аплицирање, може да се прочитаат на следниот линк: http://bit.ly/3NpZeeu.

Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 Октомври, односно денот кога истекува јавниот повик.

Чиста, зелена и европска општина со многу велосипеди и тротинети, како алтернативен начин за транспорт. На овој начин, Општина Аеродром промовира мобилност и поттикнува здрав живот.