сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром го демантира СДСМ: За набавката на топол оброк и ужина одговорни се самите училишта, а не ние како институција

Општина Аеродром го демантира СДСМ: За набавката на топол оброк и ужина одговорни се самите училишта, а не ние како институција

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта, реагираат од општина Аеродром.

-Оттаму, Општина Аеродром целосно ги отфрла овие обвинувања и истовремено би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот. Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители.

Евидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач.

Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања, стои во соопштението од општина Аеродром.