вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром на дното по капитални инвестиции, неуспехот на Марин е на терет на граѓаните

Општина Аеродром на дното по капитални инвестиции, неуспехот на Марин е на терет на граѓаните

Златко Марин и Општина Аеродром на дното во државата по капитални инвестиции, споредено со вкупната сума за расходи.

Граѓаните на оваа општина не виделе никаков голем проект од општината со која раководи Марин од СДСМ. Тие на свој терет го чувствуваат неуспехот на градоначалникот кој, според официјалната статистика, е најнеуспешен во државата.

-Од вкупниот износ за капитални инвестиции троши само 5 проценти, а подобро од Аеродром стои едно Арачиново, Кратово, Шуто Оризари, Струга и Велес. Тоа значи дека само 5 проценти одат за инвестиции од милионскиот буџет кој се троши секоја година. Сега е јасно зошто Аеродром има едно чудо нерешени проблеми. Вистинското прашање е каде одат парите кои не се трошат на инвестиции, истакна Златко Перински, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.