петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Бутел додели 54 стипендии на најуспешни ученици од основните училишта

Општина Бутел додели 54 стипендии на најуспешни ученици од основните училишта

Денес ја продолжуваме традицијата која ја започнавме минатата година како Општина Бутел и доделивме парични ваучери на најдобрите наши ученици од општинските основни училишта! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

-Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици. На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари. Вложуваме максимално во образованието. Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици. Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд, истакна Костовски.