Општина Центар се одлучи да ги исече до корен јапонските цреши кои цветаа секоја пролет во Скопје и го разубавуваа центарот на градот.
Станува збор за 13 стебла на цреши кои се наоѓаат на пешачката улица Максим Горки.
Негативните коментари веднаш започнаа да се шират на социјалните мрежи, како и револтот и разочараноста на граѓаните кон надлежните расте.
Познатиот режисер Владимир Милчин, пак, го изрази својот револт на фејсбук.
–Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…, напиша Милчин.