Со цел подобрување на воспитно образовниот процес во ООУ„Браќа Миладиновци„ во оваа учебна година обезбедени се шест електронски интерактивни табли, кои се поставени во централното училиште во н.м. Миладиновци и двете подрачни училишта во н.м. Текија и н.м. Мршевци, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
– Општина Илинден постојано внесува новитети и современи начини на работа во воспитно-образовната дејност, со цел подобрување на интерактивното учење кај најмладите генерации но и модернизирање на условите за работа во училиштата. Учениците позитивно реагираат на интерактивните табли, а исто така и од реакциите на наставниците може да се забележи големо задоволство и мотивација во креаирањето на современи часови за секој предмет, се додава во соопштението.