Општина Зелениково постави седум автобуски постојки, долж главната улица во општината.
– Општина Зелениково може да се пофали дека од денеска има најмодерни автобуски постојки во државата. Тоа што е специфично е што автобуските постојки се инклузивни, самоодржливи и модерни. Специфичен дизајн, со логото на општината, со соларен панел од кој безжично и преку УСБ отвор патниците можат да ги полнат своите електронски уреди дури чекаат автобус, светло кое се пали на сензор и трае за време на целата потреба а енергијата ја добива преку соларен панел вграден на самата кровна конструкција од автобуската постојка. Самата постојка има простор и за инвалидска количка, има клупа и покриен дел за патниците, известуваат од локалната самоуправа.
Оттаму, нагласуваат дека и покрај недостатокот на финансии, успеваат да ги реализираат дел од желбите и да бидат во тек со модерната технологија, потенцирајќи дека работат свесно и домаќински.
– За останатите желби, за жал, е нужна дополнителна финансиска помош од други фондови, велат од Општина Зелениково.