ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека поради демонтажа на оштетен полупортален семафорски столб на кростосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ ќе биде забавен сообраќајот во тој дел од Скопје.
– Апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите со цел да се воспостави безбедност во движењето и да се врати нормалниот тек на движење на возилата, соопшти јавното претпријатие.