Аки Рахимовски и „Парни ваљак“, неколку македонски пејачи, диџеј и група од Косово ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.
Ова на денешната прес-конференција го соопштија скопскиот градоначалник Петре Шилегов и главниот извршен директор на Македонски телеком, Никола Љушев.
Градоначалникот Шилегов изјави дека никогаш не би го пропуштил настапот на „Парни ваљак“ и оти ќе присуствува на новогодишната прослава заедно со скопјани.