Незадоволни од одлуката на општина Центар за поскапување на паркингот, стотина пазарџии од Зелен пазар ја блокираа улицата и влезот на паркингот. Бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена што ја вовела општината, купувачите почнале да бегаат.
Но, и покрај протестите и барањата на пазарџиите, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека тарифата нема да биде укината и најави поригорозни мерки, поради како што објаснува, поплаките на локалните жителите дека пазарџиите го зафаќаат паркинг просторот.
Јавното претпријатие паркинзи, пред една недела донесе одлука: од 8-ми јануари цената за еден час паркинг на комерцијалните паркинзи да се зголеми за 20 денари. Од таму објаснија дека целта е да се намали бројот на паркирани автомобили во градското подрачје и да се обезбедат подобри услови.
Извор: ТВ21