Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје на денешната седница на советот на Град Скопје одговарајќи на советнички прашања посочи дека од акцијата која јавното претпријатие ја започнало изминатиот период за наплата на заостанати долгови од страна на стопанството и домаќинството се реализирани 310 договори во вредност од 22 милиони денари.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, изминатиот период започна акција за наплата на заостанати долгови и за стопанство и за домаќинство. До сега имаме реализирано 310 договори, дел за домаќинство, дел за стопанство некаде во износ од повеќе од 22 милиони денари, што значи дека за околу 40-тина дена од почетокот на акцијата во касата на јавното претпријатие во периодот кој што следи ќе се слеат околу 22 милиони денари, рече тој.
Перински нагласи дека според постоечката рамка за реконструкција до 15 април планирана е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари, како и дека со новата рамковна спогодба од 16 април предвидено е да се реконструира водоводна мрежа во вредност од 90 милиони денари, како и канализациона мрежа во вредност од 70 милиони денари.
Во однос на планираните работни активности во следниот период, согласно постоечката рамка за реконструкција која што е со важност до 15 април планирана е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари.
Во таа насока согласно потребите на градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде по 16 април дополнително околу 90 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на водоводната мрежа и околу 70 милиони денари за реконструкција на канализациона мрежа. Така што, за оваа година имаме предвидено доволно средства, кои ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, истакна Перински.