Ви се обраќам денес со цел да ве информирам за сето она што се случуваше или подобро речено не се случуваше изминативе три години во Автокоманда. Граѓаните се гневни, лути и со право бараат услови за подобар живот кој пред три години во својата предизборна кампања го вети тогашниот кандидат, а сега градоначалник Борис Георгиевски, ова денеска преку прес-конференција го истакна Валентина Петровска од ВМРО-ДПМНЕ како и член на советот на општината Гази Баба.
-ВЕТУВАЊА МНОГУ но, реализација на ветеното НУЛА. Градоначалник! Проблемот со водоснабдувањето во високата зона кој ветивте дека ќе биде решен, се уште е проблем. Не го решивте ни сообраќајниот хаос кој е секојдневие во Автокоманда.
Дали изградивте барем еден од ветените паркинзи? НЕ
Дали барем започнавте со реализација на ветената поликлиника во Автокоманда? НЕ
За жал граѓаните три години чекаат обележување пешачки премини на трите улици, а за капиталниот проект гасификацијата во Автокоманда не станува ни збор. Дали некој води грижа што масовно се сечат повеќегодишните дрвја, за сметка на доградбите на зградите, а на нивно место не е посадено ниту едно ново дрво. Ги нема ниту ветените нови паркови и зелени површини или можеби ние не ги гледаме. Така ли ќе се решава проблемот со загадувањето во Автокоманда, која години наназад е меѓу првите населени места, ако не и прва по загадување во општината а и пошироко. Секако дека не, вели Петровска.
Таа додава дека градоначалник, вие и вашата партија СДСМ ветивте и ,,Уредување на парк шумата Гази Баба” – денес сме сведоци дека и овој проект, како и повеќето ветени и нереализирани проекти, е само мртва буква на хартија.
-Жителите на Автокоманда и Железара, како најблиски населби до парк шумата се сведоци на континуирана негрижа на власта за овој исклучително важен дел од општината и Градот Скопје. Трагедијата да е поголема, во овој дел се градат и објекти. Прашувам – Како е можно во заштитен и зелен појас во парк шумата Гази Баба, каде не е дозволено градење, некој да гради? Дали можеби тука никнува некаков си приватен центар за одгледување на кучиња? Но, тоа не е се, за крај би го споменала и скандалозниот предлог ДУП за Автокоманда кој предизвика огромен број реакции од страна на граѓаните и куќните совети. Забелешките на граѓаните кои се во огромен број, должни сте да ги прифатите и врз основа на забелешките комплетно да го преработите ДУП-от, а потоа да се повтори целата постапка и процедура за негово носење. Затоа почитувани граѓани не очекувајте за последнава година од мандатот на градоначалникот нешто да се смени. Автокоманда е заборавена. Со право граѓаните се лути и револтирани Со право сакаат ПРОМЕНИ . ПРОМЕНИ мора да има и ќе има. ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и за народот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе промената во Автокоманда, вели Петровска.