сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

По големиот дебакл на Смилевски и СДСМ Бутел, голем раздор и паника

По големиот дебакл на Смилевски и СДСМ Бутел, голем раздор и паника

По големиот изборен дебакл на Велимир Смилевски како претседател на изборниот штаб на СДСМ Бутел тој својата партија ја донесе до огромен пораз од 1500 гласови разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, да потсетиме дека изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Бутел беше предводен од страна на Дарко Костовски кој воедно и беше избран за пратеник во собранието ма Република Македонија за разлика од канидатката за пратеник од СДСМ Бутел Славјанка Петровска која не успеа да стане пратеник во ИЕ 2 и со тоа СДСМ Бутел остана без свој претставник во законодавниот дом.

Покрај големиот револт кој е настанат помеѓу членовите на СДСМ Бутел заради огромниот изборен пораз предводен од страна на Смилевски тој деновиве токму заради овие огромни реакции почна да прави панични чекори заканувајки се со откази по вработени во општината за кои смета дека не го дале својот глас за СДСМ на овие предвремени парламентани избори.