петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга.

Родителите вознемирени откако втор пат годинава, поради негрижа на училиштето, се јавува опасност од оваа зараза, ја контактираа редакцијата на КУРИР.

По овој скандал, се огласи и директорката на училиштето, Елка Даскалова.

Известувањето е објавено на интернет страницата на основното училиште.

КУРИР побара одговори од општина Карпош и Министерството за образование и наука, но се уште чекаме информации од таму.

Од Институтот за јавно здравје, не одговараат на нашите повици.