понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

По информациите дека Курто Дудуш нападнал сограѓанин, се огласија од општина Шуто Оризари

По информациите дека Курто Дудуш нападнал сограѓанин, се огласија од општина Шуто Оризари

Општина Шуто Оризари ја демантира и целосно ја отфрла информацијата, за наводната физичка пресметка меѓу градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш и граѓанин, во општинската зграда на ден 30.04.2019 година.

-Пријавата пред полициските службеници ја дало лицето С.Ј, поранешен и сегашен осуденик, познат во населбата по своето девијантно, насилничко однесување и против кого ќе се поднесе соодветна пријава за нарушување на чест и углед пријавувајќи невистинити настани пред службени лица, велат од општина Шуто Оризари.