петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини во Автокоманда

Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини во Автокоманда

Во рамките на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација ЈП Улици и патишта Скопје започна и обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во населба Автокоманда.

Екипите изминативе денови ги обележаа пешачките премини на булеварот Александар Македонски на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и започнаа со бележење и на крстосницата булеварот Александар Македонски со улица 16-та Македонска Бригада.

Обележувањето на пешачките премини со ладна пластика ќе продолжи во текот на вечерните часови на -истата крстосница, а бидејќи техниката за нанесување на бојата се изведува рачно и е поспецифична за разлика од обичната боја потребно е повеќе време за изведба. Употребата на ладната пластика на пешачките премини е поквалитетна и се нанесува во подебел слој и гарантира поголема трајност на бојата, информираат од претпријатието.

По налог на Град Скопје и секторот за Сообраќај предвидено е со ваков квалитет на боја да бидат обележани улиците во Мал и Голем Ринг, но моментално оваа боја да се користи при обележување на најфрекфентните сообраќајници т.н црни точки во градот.