Денеска (08.10.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје. При контролата санкционирани се 105 возачи, од кои 29 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за истечена сообраќајна дозвола, три санкции за технички неисправни возила…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.