Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас.
Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.