петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Положено свежо цвеќе на спомен обележјето „Цветот на Сребреница”

Положено свежо цвеќе на спомен обележјето „Цветот на Сребреница”

Денес во паркот во Чаир беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот “Цветот на Сребреница”.

По Комеморативната седница за одбележување на геноцидот во Сребреница која се одржа во Собранието на Република Македонија во присуство на високи државни претставници, денес во паркот во Чаир во присуство на голем број граѓани беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот “Цветот на Сребреница”.

На комеморацијата беа присутни градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, Заменик директорот на АОПЗ и претседател на СДА, Џелал Хоџиќ, професори, претставници на невладините организации и др.

Во говорите на градоначалникот Ганиу, пратеникот Рамчиловиќ и директорот Хоџиќ беа упатени пораки со кои се изрази почит за невино убиените и сочувство до семејствата на убиените. Особено беа значајни пораките на осуда на геноцидот и одговорноста која што ја имаме да не дозволиме никогаш да се повторат злосторства и насилството, туку дека си дијалогот и компромисот единствено се носат исправни и одржливи решенија без човечки и материјални загуби.

Присутните се обврзаа дека наредната година ќе се направи побогата програма за одбележување на Денот на геноцидот во Сребреница. Во почадневите часови традиционално ќе се одржи и “Маршот на мирот”.